САС на МПЦ-ОА ги повикува верниците да ги почитуваат мерките за заштита за духовденската задушница

Од:

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), во пресрет на претстојните денови на духовденската задушница, кога си спомнуваме за упокоените христијани, апелира до верниот народ, при посетата на гробовите на своите ближни да се почитуваат пропишаните мерки од страна на здравствените институции.

– Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а воедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства, се вели во соопштението на САС на МПЦ-ОА.

Од Синодот истакнуваат дека христијанството е вера во чија основа се љубовта, грижата и жртвата кон ближните, па затоа го повикуваат верниот народ, и во оваа пригода да придонесе во заедничката борба против заразната болест и за општото здравје на сите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент