Сарамандов: Продолжуваме со посветена работа, целосна мотивираност и ангажираност, за Гевгелија забрзано да се развива како европска општина

Од:

Вечерва градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов одржа отчет за сработеното пред граѓаните при што посочи дека Општина Гевгелија во изминативе две години настојуваше да ги подобри условите за урбано живеење на своите граѓани. Тоа го оствари со реализација и финиширање на повеќе проекти од патната и комуналната инфраструктура на целата територија на општина Гевгелија. Но и преку решавање на повеќе барања и проблеми иницирани од самите граѓани.

„На почетокот на мојот мандат се соочивме со доста предизвици и проблеми, а кои пред се како резултат беа поради енергетската криза. За пример во 2021 година во ЈП „Комуналец“, Гевгелија, сметката за струја за 12 месеци беше 16 милиони и 300 илјади денари, за да веќе во 2022 година за истиот временски период сметката да биде 41 милион денари. Слична беше и ситуацијата и во локалната самоуправа, со уличното осветлување, но и со другите институции кои што се во надлежност на Општината. Овие проблеми ни наложија уште на почетокот за краток временски период да најдеме конкретни мерки и решенија кои што ќе овозможат нормално да функционираат и локалната самоуправа и јавните институции кои што се во нејзина надлежност“, рече Сарамандов.

Тој посочи дека се изработија квалитетни проекти со кои веќе аплицирале или ќе аплицираат на јавните повици на домашните и меѓународните агенции и фондации. На тој начин се обезбедува основа за подобрување на квалитетот на услугите и квалитетот на живеење во градот и во населените места. Градоначалникот рече дека настојува и да ги спроведе програмските активности со кои ја стекна довербата кај неговите сограѓани.

„Ми претставува огромно задоволство што реализиравме повеќе капитални проекти од комуналната и патната инфраструктура. На целата територија на општина Гевгелија овие проекти се од суштествено значење за граѓаните од нашата општина. Дел од нив беа во мојата програма за локалните избори 2021 година, а дел произлегоа како нови барања на граѓаните од нашата општина“, рече тој.

„Многу проекти се реализираа од областа на труд и социјална политика, од образованието, културата, спортот, а изработивме и туристичка платформа за афирмација на нашиот град“, нагласи Сарамандов.

Тој посочи дека во овие две години покрај реализираните проекти исто така акцент се стави и на вклучување на децата во спортските и културните секции. И тоа е се со цел да се придонесе за нивната подобра социјализација.

„Вечерва во оваа прилика сакам да упатам благодарност до општинската администрација која ми помогна во овие две години и даде значаен придонес за реализација на проектите. И во добра соработка со членовите на општинскиот Совет и со надлежните институции во градот заљеднички се заложивме за побрзо и подобро да ја развиваме нашата општина“, заклучи градоначалникот.

„Во текот на 2023 година започнавме со реализација на втората фаза од проектот „Западен булевар“, кој предвидува изградба на нова водоводна линија и изградба на нова фекална и атмосферска канализација. Овој проект е веќе во финишот на реализација и во 2024-та година, овој булевар ќе биде асфалтиран“, додаде градоначалникот на општина Гевгелија.

Тој додаде дека проектот за изградба на атмосферска канализација беше долг проект бидејќи започна 2022 година во март месец и траеше 18 месеци. Со овој проект беа опфатени повеќе улици во должина од 6.500 метри, тоа се улици „Момински пат“, „Јосиф Јосифоски“, „Железничка“, „Рајко Жинзифов“, итн. Овој проект ќе донесе директен и индиректен бенефит за граѓаните на Гевгелија во иднина.

„Деновиве започнуваме со реализација на два помали проекти, поставување на канализациона мрежа и тоа на дел од улицата „Седми Ноември“ од централното градско подрачје, и на крак од улицата кај местото викано „Касарна“. Во текот на минатата година беше изработен и основен проект за изградба на фекална атмосферска канализација и нова водоводна линија во Блок 4-4. И со овој проект аплициравме во министерството за животна средина и истиот ќе треба да се реализира, значи одобрен е“, појасни тој.

Градоначалникот рече дека нов градски парк во Гевгелија се реализира како резултат на барањата на граѓаните. Истиот ќе биде на површина од 6.000 м2.

„Во изминатиов период беше обновено и кошаркарското игралиште „Иван Пенов“ и беше поставена нова подлога по сите ФИБА стандарди. По примерот на ова игралиште оваа година најголем дел од барањата на нашите сограѓани е да се реконструираат повеќе такви игралишта“, рече Сарамандов.

Тој посочи дека проектот прифатилиште за бездомни животни во Гевгелија успешно стартуваше, и исто така се спроведува проектот за селектирање на комуналниот отпад.

Сарамандов нагласи дека се започна и доградбата на детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, а за сите ученици од социјално ранливите категории обезбеден е бесплатен оброк во училиштата. Општина Гевгелија е прва општина во Македонија која започна со давањето на услуги на лицата со попреченост, од страна на 12 лични асистенти.

„Општина Гевгелија во изминатиов период се афирмираше како локална заедница која посветува значително внимание на развојот на туризмот и на збогатување на културниот и спортскиот живот“, укажа Сарамандов.

Градоначалникот на општина Гевгелија рече дека по долги години обновен е детскиот музички фестивал „Калинка“, а за прв пат, годинава беше организиран Фестивал на храна и вино „Вкуси го југот“. Атлетската трка „Novembar Run“ со учество на над 2.300 атлетичари, се афирмира како европски спортски настан. Ваквите манифестации заедно со Вело трката и прославата на 100 годишниот јубилеј на ФК „Кожуф“, спортските турнири во кошарка, ракомет, мал фудбал, шах и тенис, привлекоа голем број млади луѓе и спортисти на сите возрасти проследени од бројна публика.

Сарамандов додаде дека промените во општина Гевгелија се случуваат.

„Вложуваме повеќе, но, добиваме повеќе. Во периодот што следи продолжуваме по истиот пат, да ги финишираме започнатите активности, да започнеме со реализација на нови проекти и да ја афирмираме Гевгелија и општината како значајна туристичка дестинација. Истовремено, како локална самоуправа имаме обврска да обезбедиме услови и да привлечеме нови инвестициони вложувања. Во изминатиот период покажавме дека можеме да се справиме со предизвиците и во соработка со граѓаните и со наша целосна мотивираност и ангажираност, да направиме Гевгелија забрзано да се развива како европска општина. Продолжуваме и понатаму со многу работа која ќе донесе подобри услови за сите граѓани“, укажа Сарамандов.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Се работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонијa

Горан Наумовски

Бојковска: Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати