Санкционирани над 80 возила за непрописно паркирање во Општина Центар

Од:

Викендов во населбата Дебар Маало успешно беше доведен во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање во централното градско подрачје.

Сообраќајната полиција и „пајак службите“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар и ЈП Градски Паркинг во текот на изминатиот ден санкционираа над 80 непрописно паркирани возила.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ, СВР Скопје и ЈП Градски Паркинг во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно паркирани автомобили во општина Центар. Акцијата ќе трае се додека не се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и безбедноста во сообраќајот.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар