На територија на Република Северна Македонија во текот на вчерашниот ден санкционирани се 328 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, информира Министерството за внатрешни работи.
-Од вкупниот број санкционирани возачи, 20 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а две возила се движеле над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Изречени се санкции за 141 возач кои ја пречекориле брзината во населено мести и 187 надвор од населеното место, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.