Санкционирани 301 возачи во Скопје – 69 за брзо возење, а 14 поминале на црвено

Од:

Сообраќајната полиција вчера на територијата на Град Скопје изрече вкупно 301 санкција, од кои 69 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 14 мерки за возачи кои поминале на црвено светло и 22 за технички неисправни возила, соопшти МВР.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, санкционирани се пет мотоциклисти, 64 за непрописно паркирање, 63 возила се подигнати со „пајак“, а за неносење на заштитна маска казнети се 42 лица.

Од МВР истакнуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја