На територијата на град Скопје вчера беа изречени вкупно 199 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќај, што ги спроведува Министерството за внатрешни работи. Од нив, 44 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, а 50 за непрописно паркирање.
Три санкции се изречени за возење под дејство на алкохол, а 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Како што информираат од МВР, изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, шест за минување на црвено светло, пет за возач почетник, 11 за користењена мобилен телефон, 33 прекршоци што ги чинат пешаците, а 18 за возење без возачка дозвола.
Од МВР посочуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.