Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје, како што се посочува, изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 30 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.