Вкупно 109 возачи се санкционирани за непрописно престигнување при вчерашната засилена полициска контрола спроведена од 07 до 12 часот, соопшти МВР.
Најголем број од санкционираните, 23, се од територијата на СВР Тетово, додека по 22 се од територијата на СВР Охрид и СВР Куманово.
Според МВР, непрописното престигнување е една од најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.