Санкционирани 100 непрописно паркирани возила за седум дена во Општина Центар

Од:

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирале 100 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 13.07. до 19.07.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 46 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 54 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

– ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, стои во денешното соопштение од ЈП ПОЦ.

Би можело да ве интересира

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Ана Ололовска