Санкционирани 10 пијани возачи

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случени сообраќајни незгоди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 12 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 30 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, од нив 26 покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 56 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Јоаким Крчовски“ кое се наоѓа во населеното место Волково, на територијата на општина Ѓорче Петров.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ