Санкционирани 1.285 учесници во сообраќајот изминатата недела

Од:

СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.285 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 85 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 87 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 76 возачи, кај 78 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, а 66 возачи  управувале возила со над дозволената брзина.

МВР денеска соопшти дека регистрирани се 59 возачи  кои управувале возило со над 90 километри на час во населено место, изречени се 31 прекршок за некористење на сигурносен појас, 67 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 62 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 372 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање првенство на минување на пешаци изречени се 19 прекршоци,  за непрописно престројување изречени се 29 прекршоци. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 36, за непрописно престигнување изречени се 6 прекршоци, кај 7 возила е утврдена техничка неисправност  и со пајак возило подигнати се вкупно 448 возила.

Од страна на Отсекот за Превенција при Единицата за БПС при СВР-Скопје на 04.09 2014 година во ПС „ Гази Баба“ спроведена е сообраќајна поука по однос на прекршоци кои ги чинат велосипедистите. Од поканети 25 прекршители присуствувале 20.

На 11.09.2014 година спроведена е сообраќајна поука по однос на прекршоци што ги чинат пешаците. Од поканети 23 прекршители присуствувале 19 прекршители.

СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

Би можело да ве интересира

Пет закони ќе се менуваат за да профункционира „Безбеден град“

Уапсен Бугарин за измамите со лажни сообраќајки

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Тројца полицајци повредени во сообраќајка кај Струга

А1он

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби во училиштата, соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Извршени претреси во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, одземени се мобилни телефони и обемна документација