Санкционирани 1.140 учесници во сообраќајот изминатата недела

Од:

СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.140 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 44 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 79 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 60 возачи, кај 24 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 98 возачи  управувале возила со над дозволената брзина и 69 возачи  управувале возило со над 90 километри на час во населено место.

Изречени се 79 прекршоци за некористење сигурносен појас, 38 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 27 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 322 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување изречени се 10 прекршоци, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се седум прекршоци, за непрописно престројување изречени се 30 прекршоци.

За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 55 прекршоци,  кај 10 возила е утврдена техничка неисправност за непрописно престигнување изречен е еден прекршок и со пајак возило подигнати се вкупно 405 возила.

СВР-Скопје, стои во денешното соопштение, ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он