Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ

Од:

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. конгрес на партијата.

Таа беше изгласана со 682 гласа „за“ и два „против“ на предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Тој ја избра Лукаревска за негова заменичка по повлекувањето на Радмила Шекеринска од оваа позиција.

Лукаревска е директорка на Управата за јавни приходи, а на последните парламентарни избори беше носителка на изборната листа на СДСМ во Изборната единица број 2 заедно со Оливер Спасовски.

Лукаревска е роденa 1982 година во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а речиси целата професионална кариера ѝ е во Управата за јавни приходи како помлад инспектор во Регионалната дирекција – Скопје, извесен период работи во Министерството за финансии, а потоа се враќа во УЈП како асистент за извршување во одделението за наплата на долгови во Дирекција за големи даночни обврзници.

Во 2017 година е именувана од Владата за вршител на должност директор на Управата за јавни приходи, а во 2018 и официјално е директор.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче