Санирани оштетувањата на реквизитите на детските игралишта во Кочани

Од:

Реквизитите на дваесетина детски игралишта во Кочани во најголем дел се целосно обновени или поправени. Општината, во соработка со Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ го искористи претходниот период за санирање на оштетената опрема, откако беше направен увид и изработен план за дејствување.

– На почетокот на пролетта, завршена е реконструкцијата на 70 проценти од детските игралишта во Кочани и во населените места. Целта е да се подобри состојбата и да се избегнат опасностите за безбедноста на најмладите, соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев при обиколката и увидот на игралиштата во Градскиот парк.

Според градоначалникот Илијев, Одделението за урбанизам при Општина Кочани има задача при изработката на деталните урбанистички планови да планира изградба на нови детски и повеќенаменски спортски игралишта, со цел да ги има во секоја урбана и месна заедница. Притоа ги повика граѓаните да упатат иницијативи за да се согледаат реалните потреби во секој дел од општината.

Наредниот период интензивно ќе се работи на поправка на повеќенаменските игралишта, при што таму каде што ќе има покрупни зафати ќе се работи по јавен повик.

Повикувајќи ги децата што повеќе да бидат во природа и да се рекреираат, градоначалникот Илијев повикува на совесно користење на целата опрема, зашто, како што рече, безбедноста на децата е најважна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот