Саниран е дефектот што ја поплави „Илинденска“

Од:

Дефектот на булеварот Илинден во Карпош ноќеска е саниран, а водоснабдувањето е нормализирано во 04:25 часот, информира ЈП „Водовод и канализација“.

Булварот Илинден вчера вечер беше поплавен кога пукна водоводна цевка, а водата се излеа покрај банката „Прокредит“, па сè до трговскиот центар „Сити мол“.

Излевањето на водата најпрвин направи хаос во сообраќајот, а кога екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече по што на асфалтот останаа кал и тиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ