Санино: Визната либерализација останува ако нема злоупотреби

Од:
Визната либерализација за Македонија и за земјите од регионот ќе важи сé додека нема поголема нејзина злоупотреба, порача генералниот директор на Генералниот директорат за проширување Стефано Санино по средбата со македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Теута Арифи.

Пораката доаѓа неколку дена по најавите на дел од неколку европските земји дека ќе побараат враќање на визите за земјите од западен Балкан, меѓу кои и Македонија, поради наплиот на лажни азиланти.

„Визната либерализација останува една од главните постигнувања што успеавме да ја имплементираме за сите земји од регионот. Но, исто така, главна поента е дека сакаме да се осигураме дека ова не се злоупотребува. Пораката е дека ќе остане либерализацијата сé додека системот нема да создаде големи проблеми и дисфункционалности во Европската унија”, рече Санино.

Вицепремиерот теута Арифи порача дека властите ја следат ситуацијата и ќе продолжат со активностите за минимум злоупотреби на безвизниот режим со земјите од Шенген.

„Како и секоја година, ние останавме ангажирани да има минимум злоупотреби на визната либерализација. Мислам дека ќе се придржиме до истите активности”, изјави Арифи.

Би можело да ве интересира

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите

Од февруари лотарија за термини за визи за Германија