Сандачиња за прва помош во училиштата во Центар

Од:

„Општина Центар и општинската организација на “Црвен Крст“ од Центар го промовираа проектот “Помогни си себе си – помогни му на другиот“. Во основните училишта “Гоце Делчев“ и “11-ти Октомври“, на секои 2 училници се поставени сандачиња за прва помош, со комплетен санитетски материјал.

Волонтери на “Црвен Крст“ ги обучија наставниците и 20 ученици од 7-мо и 8-мо одделение за користење на сандачињата и за пружање на прва помош.

Слика (3)

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, вети дека овој проект ќе се имплементира и во другите училишта на територија на општина Центар.

Ваквиот начин на работење и вакви проекти се по стандарди на Светската здравствена организација за прва помош во училиштата“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он