Санчез и Мицотакис му честитаа на Заев и му ветија силна поддршка за членството во ЕУ

Од:

Педро Санчез, премиерот на Шпанија му го честитал новиот премиерски мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Честитка премиерот Заев добил и од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Минатата година, по изборите во Грција, Заев меѓу првите му го честиташе изборот на Мицотакис.

„Во честитките политичарите изразуваат спремност за зајакнување на соработката на политички и економски план, како и силна поддршка за нашата интеграција во ЕУ“, велат од Кабинетот на премиерот за „А1он“.

До Заев честитки стигнале и од Јанез Јанша, кој годинава во март третпат беше избран за премиер на Словенија, од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ,  од премиерот на Бугарија Бојко Брисов, од премиерот на Италија Џузепе Конте, од американскиот државен секретар Мајк Помпео и од амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз.

„Честитки за премиерот Зоран Заев и за парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата влада. Како пријател и партнер очекувам соработка со Владата, континуиран напредок во однос на реформиските цели на ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“, напиша амбасадорката Брнз на „Твитер“.

Германската Влада целосно го поддржува доближувањето на земјата до ЕУ, му напиша канцеларката Меркел на премиерот Заев

Меѓу првите на Заев новиот премиерски мандат му го честиташе германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ви честитам за реизборот за премиер на Република Северна Македонија. Северна Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски, и како сојузници во НАТО“, стои во честитката од канцеларката Меркел.

Меркел посочи дека германската Влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската унија.

„Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите“, вели германската канцеларка во честитката.

Со 62 гласа „за“, Собранието пред пет дена ја избра новата влада во која повотрно за премиер беше избран лидерот на СДСМ Зоран Заев. На седницата присуствуваа 115 пратеници. Од нив гласаа 113 пратеници. Против гласаа 51 пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски