Самоубиство во Тетово

Од:

Во Полициската станица во Тетово денеска околу 12 часот и 20 минути е пријавено самоубиство со бесење кое било извршено во подпокривот од куќа на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– Се самоубил 37-годишниот Ивица М. Неговото безживотно тело го пронашле најблиските и веднаш пријавиле во полиција. Според првичните информации тој се поткачил на столче и си го одзел животот, а оставил и проштално писмо, појасни Јосифовски.

Извршен е увид со учество на екипа од СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител и се расчистуваат мотивите и се друго околу овој случај.

Врз телото на И.М не се констатирани други траги на насилство.

Според податоците на Јосифовски ова е 11. самоубиство за првите пет месеци од 2013 година на подрачјето што го покрива СВР Тетово додека во текот на целата 2012 година биле забележани вкупно 9 самоубиства.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата