Во моментов во земјава има 8 472 активни случаи со ковид-19, покажуваат официјалните податоци од Министерството за здравство (МЗ).
Најголем дел од овие случаи се во Скопје – 3.862, а втор град со најголем број случаи е Битола – 702. Следуваат се Прилеп со 423, Велес со 374 и Кавадарци со 319 активни случаи.
Во Дебар во моментов има само еден заразен. Потоа, Дојран со четири, Македонски Брод со пет, Демир Капија со осум случаи.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во претходното деноноќие направени се 3.859 тестирања, 449 се нови позитивни случаи на Ковид-19, 317 се оздравени и 12 починати.
Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.