Само половина од плажите издадени под концесии на Охридското Езеро имаат ангажирано спасувачи на вода

Од:

Последниот случај на давење во Охридското Езеро повторно ги алармира надлежните институции да апелираат до посетителите да ги користат за рекреација исклучиво одбележаните капалишта, каде има ангажирани спасители на вода и каде се исполнети сите безбедносни услови за според и рекреација.

– Црвениот крст има ангажирано спасители на вода и воспоставено безбедносни услови на Охридско-струшкото крајбрежје, а на сите капалишта каде има ангажирано спасители во периодот од 10 до 19 часот, таму се гарантира безбедноста на посетителите, истакна Сашо Точков од Црвениот крст – Охрид.

Точков апелираше до посетителите и сите граѓани на Охрид да внимаваат при секое влегување во водата.

– Водата се уште е прилично студена, некаде 21,5 степени Целзиусови. Апелираме капачите да не влегуваат во вода презагреани, да ги преслушаат своите психо-физички способности и согласно со нив да се рекреираат. Исто така да се избегнува влегување во вода под дејство на алкохол, потоа непосредно после обилни оброци и слично, да се почитуваат сите препораки на сапсувачките екипи што можат да се добијат на капалиштата, истакна Точков.

Од почетокот на оваа сезона досега спасувачките екипи на Црвениот крст интервенирале два пати и тоа на плажите кај Канео и кај Свети Наум, кога се спасени од давење две лица, едниот српски државјанин со здравствени проблеми, а другиот непливач од Република Албанија.

За жал, податоците од Црвениот крст – Охрид покажуваат дека само некаде половина од закупените плажи на Охридско-струшката ривиера имаат ангажирано спасувачки екипи, што е спротивно на договорите за концесии.

На неодамна одржаната кородинација на надлежните служби за проблематиката на безбедност на вода, се издадени налози до сите општински и државни институции да ги преземат сите наопходни активности за што поголема безбедност на плажите и на езерото во текот на главната летна туристичка сезона на Охридското Езеро.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност