Само 169 Бугари од Македонија ќе гласаат на изборите во Бугарија, во Охрид не се пријавил ниту еден

Од:

На претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април до амбасадата во Скопје пристигнале 169 пријави од македонски Бугари кои сакале да си го остварат гласачкото право.

Ова го објави Министерството за надворешни работи на Бугарија повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија.

Според списоците на ЦИК, најмногу доаѓаат од Кавадарци и од Прилеп. Во Кавадарци ќе гласаат 42 македонски Бугари, во Прилеп 41 лице, во Струмица во хотел „Илинден“ ќе гласаат 22 Бугари, за гласање во бугарската амбасада во Скопје пријавени се 15 лица, а во Генералниот конзулат во Битола ќе гласаат 9 лица. За гласање во Тетово пријавени се 40 лица.

Бугарите од Охрид кои го отворија бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ имаа можност да гласаат на избирачко место во Охрид, но ниту еден од нив не се пријавил за гласање.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент