Самка Ибраимовски, пратеникот од Партијата за целосна еманципација на Ромите, денеска на прес-конференција изјави дека тие не се за консензуален претседателки кандидат за престојните избори, и дека тие како партија ќе настапат сами.
Ваквата одлука тој посочи дека е донесена со цел да пребројат колкав им е гласачкиот капацитет.
Шестите претседателски избори беа распишани од претседателот на Собранието, Талат Џафери на 8 февруари. Првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.