Скопјанка украла од златарница, продавачот ја истепал

Од:

37-годишна скопјанка е приведена вчера бидејќи украла предмет од златарница во близина на Бит пазар во Скопје. Таа пак го пријавила вработениот во златарницата за напад информира Министерството за внатрешни работи.

– На 17.11.2022 во 13.40 часот на подрачјето на Бит Пазар-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Р.А.(37) од Скопје. Таа се сомничи дека претходно од златарница на подрачјето на Бит Пазар одзела златен предмет. Во врска со случајот, Р.А. пријавила дека околу 13.00 часот во златарницата била физички нападната од продавачот Н.А.(60) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари