Салији – Мекнил: Подготвеност за соработка во спроведување на реформите во правосудството

Од:

Подготвеност за соработка во спроведување на реформите во правосудната област на денешната средба изразиле министерот за правда Билен Салији и официјалниот правен советник на САД во Скопје, Џон Мекнил.

Салији, како што соопшти Министерството за правда, му се заблагодарил на Мекнил за понудената помош од САД, и во овој контекст го известил за преземените чекори од страна на Министерството за правда во однос на спроведување на реформите во правосудниот сектор.

Министерот, исто така, го информирал Мекнил и за последните измени на Законот за судови и Законот за Судски совет, Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на јавните обвинители, за измените и дополнувањата на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка.

На средбата станало збор и за инсталирањето на аудио и видео опремата за снимање во судските сали.

Министерот Салији информирал за опремата што се планира да се инсталира во Кривичниот суд, за што е почната тендерската постапка, како и за инсталирањето што треба да се изврши во соработка со Судскиот совет во судовите со проширена надлежност низ целата територија на Македонија.

Мекнил ветил дека ќе го поддржи Министерството за правда на РМ за сите проекти кои ќе помагаат во процесот за интеграција на земјата.

Двајцата соговорници се согласиле за понатамошна соработка, како и за размена на искуства во оваа област, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on