Салији и Драшковиќ разговараа за Стратегијата за реформи во правосудниот сектор

Од:

По изготвувањето на „Стратегијата за реформи во правосудниот сектор”, иницијатива на Министерството за правда со поддршка на експерти од областа на правдата, министерот Билен Салији имаше средба со Тибор Драшковиќ – експерт од Европската Унија. Оваа средба доаѓа по напорите за подобрување и адаптирање на функционирањето на правосудните институции во Македонија со критериумите и барањата на ЕУ.

На овој состанок, Салији му се заблагодари на Драшковиќ за понудената поддршка на нашата земја и покажаната подготвеност за соработка. Тој оцени дека прифаќањето и поддршката на оваа стратегија од страна на експертите од ЕУ, ќе се придонесе за успешно исполнување на барањата на ЕУ за нашата институција. Од своја страна, Драшковиќ ја оцени стратегијата како една амбициозна стратегија за која можеме да бидеме горди. Тој исто така истакна дека оваа стратегија доаѓа во клучен момент за државата, бидејќи Македонија се наоѓа во многу важен момент во својот пат да стане дел од европското семејство со целосни права.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on