Сали со честитка за Божик: Нека овој свет ден биде повод за духовно размислување што ќе ја зацврсти општествената хармонија

Од:

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, со желби за мир, здравје и благосостојба.

Во честитката тој порачува овој свет ден да биде повод за духовно размислување и инспирација, кој ќе ја зацврсти општествената хармонија, соживотот и меѓусебното почитување меѓу граѓаните.

-Нека Божик донесе надеж, солидарност и благосостојба во Вашите семејства, како и стабилност и напредок во институционалниот и општествениот живот, придонесувајќи за изградба на поправедно, пообединето и поодржливо општество за сите, вели Сали во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Филков до Сали за барањето студентите да полагаат правосуден испит на албански јазик: Државата не функционира по принцип на лична проценка

А1он

Беким Сали e именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

Горан Наумовски

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

А1он

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски

Беким Сали станува прв вицепремиер, а Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија