Сали Рамадани независен кандидат за градоначалник на Кичево

Од:

Поранешниот пратеник Сали Рамадани ја објави својата кандидатура за градоначалник на Кичево, пишува Плусинфо.

Најави дека ќе се кандидира како независен кандидат и апелираше до граѓаните да се заложат да се соберат неопходните потписи за да се обезбеди номинацијата.

Сакам да се врати победата во Кичево после 69 години и оваа општина да биде обединета – изјави Рамадани.

Поранешниот пратеник Сали Рамадани стана познат во македонска јавност кога пред десетина години на собраниската говорница се појави наметнат со албанското знаме и прозборе на својот мајчин јазик.

Тогаш бурно реагираа пратениците од македонскиот политички блок, на што Рамадани на македонски јазик им се обрати, па им порача „Не се нервирајте и знајте дека не е далеку денот кога од оваа говорница ќе се говори и на Албански“.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?