Сакционирани 136 возачи во општина Илинден

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Општина Илиден изречени се вкупно 136 мерки, од кои 27 за возење без возачка дозвола, 18 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 за нерегистрирани возила, 5 санкции за користење на мобилен телефон. За неносење на заштитна маска изречени се 5 санкции, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, нагласуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози