„Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема реди и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко

Од:

Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во замката на дежурните критичари на игрите на среќа кои многу долг период водат офанзивна битка против легалните игри на среќа. Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување и обид за нивно дефинирање како најголеми општествени штетници, велат од здружението „Сакам да работам“.

– Притоа, свесно се игнорираат аргументите кои јасно и недвосмислено, преку конкретни примери од соседството, ставаат до знаење какви последици имаат државите каде игрите на среќа биле забранети одреден временски период. Она што е симптоматично е што дежурните критичари манипулираат со податоци кои внесуваат страв и паника меѓу родителите создавајќи лажна перцепција дека приредувачите на легалните игри на среќа имаат економски интерес малолетници да влегуваат во нивните објекти. Можеме да ги броиме и објектите за игри на среќа во центрите на повеќе европски метрополи, каде дел од домашните критичари гордо позираат и се фотографираат кога се туристи.

Една од асоцијациите јавно соопшти дека се согласува со намалување на големината на светлечките реклами на легалните објекти за игри на среќа како дополнителен придонес во градењето сигурност дека младината е безбедна. Интригантно прашање е зошто се премолчува една клучна одредба од предлогот на Владата што во целост ја поништува суштината на дистанцата од 500 метри. Зошто државата го задржува правото да организира онлајн игри на среќа што преку мобилните уреди и интернетот се достапни секаде и во секое време?

Ние одамна тврдиме дека со воведување дистанца ќе се постигне целосно затворање на легалните објекти, што секако е внесување на приредувањето на игри на среќа во црна зона во која ќе почнат да се организираат во подруми, како во 90-те години од минатиот век, без никаква контрола од државата, каде младината ќе биде под поголем ризик. Во Македонија се применува Закон за игри на среќа, кои е еден од најстрогите во регионот и пошироко и содржи европски и светски стандарди за регулирање на оваа економска гранка, а особено за забрана на влез на малолетници во сите легални објекти со лиценци за приредување игри на среќа.

Одговорно тврдиме дека како здружение не сме консултирани за предлогот на Владата, ниту сме биле запознаени со содржината пред да биде објавен. Нема никаква дилема дека законското решение кое влегува во собраниска процедура ни ја запечатува судбината. Подготвени сме на средба во Владата да му ги презентираме сите факти на Премиерот за да го увериме дека ваквото решение ќе остави најмалку 10 илјади луѓе без работа и ќе создаде 35 илјади нови кандидати за иселување од Македонија, се вели во реакцијата која доаѓа по денешната изјава на премиерот во врска со новиот Закон за игрите на среќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Државата наликува на Лас Вегас, мора да има ред во игрите на среќа, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

„Сакам да работам“ до „Левица“: Која левичарска партија се залага најмалку 10 илјади вработени да останат на улица?

А1он

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

„Сакам да работам“: Вработените во легалните игри на среќа стануваат потенцијални жртви пред секоjа најава за избори

Горан Наумовски

“Сакам да работам“ со честитка за 1 мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа

„Сакам да работам“ го честита 8 Mарт со пораката до мажите: Жената е цвет кој се чува и негува секој ден!