Сакал да избега со 10 грама кокаин, нападнал полицаец

Од:

Како што соопшти МВР, вчера Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 28-годишниот З.Л. од Скопје поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и за „Напад на службено лице при вршење работи на безбедност“, а истражен судија му одреди притвор од 30 дена.

„При реализацијата на случајот пронајдени се и одземени вкупно 10,08 грама наркотична дрога кокаин. Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека Л.З., подолго време се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога СВР Скопје, превзема соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази и фаќање на истиот. Така вчера околу 00,50 часот на булеварот “Партизански одреди“ од страна на УПС сопрено е ПМВ марка “Ауди А-3“ со скопски регистарски таблички управувано од З.Л. кај кого се пронајдени 35 паковки со опојна дрога коакин. Пријавениот, притоа, се обидел да побегне од местото при што со неколку удари со тупаници нападнал едно од ОСЛ во пределот на главата, но бргу е доведен во послушност и е приведен во ПС Кисела Вода“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби