Сајкоски: Власта ги загрози животите на граѓаните со ненабавката на вакцини, потребна е одговорност

Од:

Срамно и жално, но пострашно е што станавме потсмев и на домашната и на меѓународната јавност и треба да има одговорност за загрозување на животите на граѓаните, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на ненабавката на вакцини од страна на власта и вратениот аванс за вакцините од Кина.

Сајкоски потенцираше дека целиот регион се вакцинира, па дури и Бангладеш има 2 до 3 милиони вакцини, а кај нас само убедувања дека вакцините само што не пристигнале, иако прашање е дали до крај на годината ќе се набават.

– Голем дел од државите се борат и набавуваат вакцини, кај нас до ден денеска и покрај убедувањата на Филипче дека имаме обезбедено вакцини, дека готово само што не пристигнале и дека ќе дојдеа јануари, февруари, март, ќе помине годината, а ќе немаме ниту една вакцина. Навистина за ова треба да има одговорност бидејќи е загрозен животот на граѓаните на Македонија на ваков начин и негрижа, истакна Сајкоски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му