Според прогнозите на Обединетите нации до 2050 година во Македонија стари ќе бидат 33 проценти од населението. Во 2008 година, според статистички податоци, стари биле 16,6 проценти од населението, а на пописот во 2002 околу 15 проценти.
– Македонија се соочува со зголемен број старо население. Според проценките на ОН животниот век на македонските граѓани до 2050 година постојано ќе се зголемува, така што тогаш 33 проценти од населението ќе биде над 60 години, рече генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити на денешната прес-конференција по повод Неделата за грижа за стари лица „Сите сме нивни деца“.