SafeJournalists: Јавна осуда за попречување на работата на новинарите за време на изборите во Македонија – институциите мора да реагираат

Од:

Во овој период бевме сведоци на повеќекратни, тешки навреди, вербални напади и обиди за јавна дискредитација кои придонесоа за загрозување на безбедноста на новинарите во Република Северна Македонија. Во неколку одвоени инциденти, новинарите Џумадије Ибраими од ТВ Клан, Салије Садику ТВ 21 и Ферикан Арифи од Еуроњуз Албанија и други беа опструирани во нивната работа додека известуваа за изборниот процес од членови на изборни комисии, членови на политички партии и полицајци.

Здружението на новинари на Македонија остро ги осуди овие опструкции и побара од Државната изборна комисија и од Министерството за внатрешни работи итно да постапат и да ги решат сите пријавени инциденти од изминатата недела.

Мрежата „SafeJournalists“, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на напорите на својата членка ЗНМ во подигање на свеста за проблемот со повреда на правата на новинарите особено во периоди на избори, додека правото на информирање е суштинско и се приклучува на повиците надлежните институции да ги разрешат инцидентите и да ги казнат сторителите.

Само со брза реакција на институциите ќе се избегнат поголеми инциденти во кои може да биде загрозен физичкиот интегритет на новинарите.

Мрежата „SafeJournalists“ ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он