А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Саем за вонучилишни активности во Кавадарци

by А1он10/10/2017 - 12:24139
Share0

Саем за вонучилишни активности денеска по петти пат се реализира на градскиот плоштад во Кавадарци, во организација на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво. Претседателот Димитар Каракулев го прогласи саемот за отворен, откако изрази задоволство од интересот на учесници, ученици, родители и наставници.

Добивај вести на вибер

– Горди сме што оваа манифестација е единствена од ваков вид во Македонија. Учествуваат 25 спортски клубови, невладини организации, музичко училиште, Народна техника, градска библиотека и останати школи, каде младите можат да се зачленат и да го поминат своето слободно време. Подалеку од пороците на модерното време кои ги демнат младите на секој чекор. Саемот традиционално го посетуваат ученици од четврто до деветто одделение од сите кавадарчки училишта, како и ученици од Росоман, рече Каракулев, нагласувајќи дека денешниот ден е празник во Кавадарци, непосредно пред утрешниот празничен ден.

Тони Стефанов од Здружението „Тиквешки точакџии“, информира дека постојат две години и бројат околу сто членови и над илјада фанови на една од социјалните мрежи, имаат патека до светски познатиот рудник Алшар која води низ Поткожувјето, а цел им е здравиот живот.

Тренерот на карате клубот „Урбан инвест“ Ивана Аврамова соопшти дека редовно учествуваат на натпревари и секогаш се враќаат со многу медали.

– Ние сме како едно големо семејство. Покрај тао што заедно тренираме, се натпреваруваме и освојуваме награди, ние заедно прославуваме, се дружиме, шетаме и ги делиме и радоста и тагата. Како клуб имаме балкански прваци, државни прваци со години кои се и членови на македонската репрезентација, нагласи Аврамова, информирајќи дека три девојки од клубот кои два пати беа балкански шампионки и два пати на трето место на балканско ниво, сега како дел од репрезентација заминуваат на светско првенство во карате во Шпанија.

kavadarci

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он11/12/2025 - 15:21

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски08/12/2025 - 12:2508/12/2025 - 13:32

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Горан Наумовски02/12/2025 - 12:01

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он22/11/2025 - 13:58

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Горан Наумовски15/11/2025 - 10:58

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето

Горан Наумовски31/10/2025 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен