Саем за студенти и компании Job Fair 2015

Од:

На Градежниот и Архитектонскиот факултет вечер во 19 часот официјално ќе биде отворен саемот за вработување Job Fair 2015, кој ќе трае до 11 март во организација на БЕСТ- Скопје.

Утре и задутре на штандови студентите ќе може да им пристапат на претставници од компаниите со цел подетално да се информираат или да се консултираат за голем број прашања. Студентите, исто така, ќе може да присуствуваат на разни предавања, презентации и обуки на теми кои ќе бидат објавени дополнително.

– Настанот е одлична шанса за соработка помеѓу студентите и компаниите. Целта на саемот е да им понуди на студентите квалитетни работни места и пракса од областа на нивната стручност, а на компаниите квалитетен и амбициозен работен кадар, соопшти организаторот.

Доколку студентите се заинтересирани за ваков вид соработка со компаниите, треба да остават свое CV на официјалната веб-страница www.jobfair.org.mk. Кратките биографии потоа стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компани учеснички.

Повеќе информации и распоред на настаните се објавени на www.jobfair.org.mk.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар