Садење ели во рамки на 19. акција на „Ден на дрвото“

Од:

Со засадување семе од ела во дворот на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром денеска ќе се реализира 19. акција на „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и шестата „Садница плус“.

Под мотото „Од семче до дрвце – Ден на дрвото“ почнува одбележувањето на јубилејот, десетгодишното постоење во низа на акцијата „Ден на дрвото“.

Освен учениците, семе ќе садат и децата од градинката „Буба Мара“, клон „Сонце“. Семе ќе се сади во сите основни училишта во Република Македонија, во рамки на одделенскиот час без да се наруши наставниот процес.

Предвидено е да присуствуваат претставници на граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, од повеќе министерства, од Град Скопје, општина Аеродром, јавните претпријатија „Македонски шуми“ и „Паркови и зеленило.

Семето од ела за оваа акција е собрано во Националниот парк „Пелистер“.

Би можело да ве интересира

За „Ден на дрвото“ биле потрошени 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници

Наум Локоски

СДСМ: Акцијата „Ден на дрвото“ освен популизам не донесе никаков ефект за намалување на загадувањето

Наум Локоски

Владата го укина „Денот на дрвото“

Наум Локоски

Денот на дрвото ќе се одработува на 13. декември

Ана Ололовска

„Ден на дрвото“ – Граѓанска или владина акција?

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) СДСМ: Половина од дрвјата не се фатиле, а отишле над 4 милиони евра?

Ана Ололовска