САД: Се гордееме со партнерството што го имаме со оваа земја

Од:

Амбасадата на САД во Скопје се огласи со реакција за годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

„Пред единаесет години, Македонија се соочи со можноста од избувнување на една крвава граѓанска војна. Благодарение на храброста и визијата на политичките лидери на оваа земја, како и на внимателното преговарање на искусните американски и европски дипломати, Охридскиот рамковен договор беше потпишан на денешен ден, во 2001 година, и на тој начин беше избегната војна“, се вели во изјавата на Амбасадата на САД.

Тој историски договор, стои во соопштението, овозможи оваа земја да оствари прогрес во насока на остварување на стабилно, мултиетничко, мултикултурно и мулти-религиозно општество и во насока на зацртаната цел за полноправна интеграција во евро-атлантската заедница.

„Единаесет години подоцна, Македонија се соочува со бројни предизвици и уште еднаш, визијата и храброста на политичките лидери се важни за совладувањето на тие предизвици. Ги поздравуваме оние граѓани и лидери, кои ги ставиле настрана сопствените разлики заради потрагата по една отворена, безбедна и динамична демократија, што нуди гаранции за мир и просперитет за сите свои граѓани – без разлика на нивната етничка припадност, пол, религија или политички ставови. Во таа потрага, Македонија секогаш на своја страна ќе ги има Соединетите Држави. Се гордееме со партнерството што го имаме со оваа земја уште од нејзиното осамостојување и очекуваме таа да го заземе своето заслужено место како полноправен и добредојден член на евро-атлантската заедница и да продолжи да се развива како разновидна, безбедна и просперитетна држава“, стои во изјавата на Амабасадата на САД.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Ана Ололовска

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Ана Ололовска

Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранација за правата на Албанците во Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Фаркас: Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор против Путин

Ана Ололовска