А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

САД најдоцна до октомври би го ратификувале Протоколот за НАТО, процедурата се одвива со брза динамика

by А1он30/03/2019 - 08:0830/03/2019 - 19:52206
Share0

До крајот на летото, а најдоца до октомври се очекува и САД да го ратификуваат Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, откако процедурата околу одобрувањето на овој документ заврши во Стејт департментот и извештајот и предлогот за ратификација веќе е испратен до Сенатот.

Добивај вести на вибер

Протоколот за членство на Северна Македонија, која поканата ја доби на Самитот во Брисел во јули минатата година, досега го ратификувале девет земји-членки, повеќето од регионот, а Данска беше првата западноевропска земја која го стори тоа.

Се очекува овој процес на формализирање на членството на земјата во Алијансата да заврши за околу девет месеци и на почетокот на следната година да станеме и официјално 30. земја-членка на Алијансата. Процесот оди исклучително брзо, се очекува да заврши за околу девет месеци, додека ратификациите за другите земји-членки траеја од една до една и пол година.

Премиерот Зоран Заев очекува ратификувањето на Протоколот да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври.

Тој вчера во Охрид истакна дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот.

-Тоа е постапка која трае, поприлично е сложена, значи не очекувам дека ќе се случи за една недела, но очекувам дека ќе заврши до крајот на летото, септември, октомври, рече Заев и додаде дека тоа е е експресно брзо во споредба со протоколите кои Вашингтон ги ратификувал за претходните членки.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вчера од Тирана од конференцијата „Десет години Албанија во НАТО – посигурен регион” нагласи дека соседните земји со мошне брзи и ефикасни процедури го ратификувале Протоколот, а тоа, како што рече покажува дека регионот научил од своите грешки.

– Повеќе не се гледаме себеси како непријатели, туку како најблиски сојузници. Вчера ја добивме и добрата вест од Вашингтон, дека Белата Куќа го доставила предлогот и извештајот за ратификација на пристапниот протокол во Сенатот на САД, истакна министерката за одбрана.

Директорката за Европа во Центарот за стратегиски и меѓународни студии, Хедер Конли порача дека Сенат се подготвува набргу да го ратификува Протоколот за членство, иако, како што рече имало уште еден драматичен обид од странa на Русија тоа да се спречи.

Изјавата Конли ја даде за време на сослушување пред Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом завчера на кое се дискутираше за злонамерното влијание на Русија и вмешаноста на Кремљ во западните демократски процеси.

Укажа дека иако земјата сега е дел од НАТО, останува уште многу работа во однос на другите земји што изразија подготвеност да се интегрираат со Западот.

nato

Би можело да ве интересира

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он14/02/2026 - 16:1514/02/2026 - 15:38

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Горан Наумовски12/02/2026 - 07:39

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:10

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:39

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 21:1226/01/2026 - 21:18

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски23/01/2026 - 09:2923/01/2026 - 09:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен