САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 108.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.

Овие средства, како што информираат од владината прес-служба, УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни