Сабриу: ВЛЕН пишува историја и за прв пат ќе се натпреварува со листи за пратеници во сите изборни единици

Од:

Најпрво сакаме да ве информираме дека коалицијата ВЛЕН пишува историја и за прв пат ќе се натпреварува со листи за пратеници во сите изборни единици, нешто што досега не го направила ниту една албанска политичка партија. Од првата до шестата Изборна единица, ВЛЕН се натпреварува со листи на пратеници, кои многу се разликуваат во споредба со листите на таканаречениот „Европски фронт“. Ако нашите политички противници од мака и страв од губење на изборите, вратиле на политичката сцена и ќе се натпреваруваат со најистрошените политички личности, кои за жал се дел од мрачната историја на албанската политика во Северна Македонија, ВЛЕН има нови личности со високо интелектуално, професионално и морално ниво. Додека таканаречениот „Европски фронт“ ќе настапува со личности кои се на американската црна листа и протагонисти на разни корупциски скандали, коалицијата ВЛЕН на овие избори ќе се натпреварува со досега докажани личности, кои ќе обележат убедливи и историски победи и кои ќе бидат главни непријатели на криминалот и корупцијата што ги подметна оваа власт, изјави Фатмир Сабриу од ВЛЕН.

– Во трката за парламентарни избори за ВЛЕН се: носител на листа во првата изборна единица е г. Изет Меџити. Носител на листа во втората изборна единица е г. Африм Гаши. Носител на листа во третата изборна единица е г. Шенер Билали. Носител на листа во четвртата изборна единица е г. Мендурим Зекмани. Носител на листа во петтата изборна единица е г. Салим Сулејмани и носител на листа во шестата изборна единица е г. Билалл Касами.

Исто така, сите други кандидати вклучени во листите за пратеници во сите изборни единици се личности со целосен кредибилитет, извонредни интелектуалци, истакнати професионалци во својата област и кандидати кои ќе ги застапуваат интересите на албанскиот народ во Собранието на Северна Македонија.
Албанските граѓани, но и оние од другите етнички заедници во Северна Македонија, сега им е многу лесно да го направат изборот, затоа што треба да одлучат помеѓу докажаното и неуспешното, меѓу оние кои ВАЖАТ и нудат вистински решенија и на оние кои НЕ ВАЖАТ , како што се министрите и соработниците на Груевски.
8 мај доаѓа, а со него и историската победа која ВРЕДИ – рече Сабриу.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Валдет Џафери да објасни зошто правосудниот испит остана блокиран

ВЛЕН: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

Горан Наумовски

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово?

ВЛЕН: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик

Горан Наумовски

Вреди: Бујар Османи ни две години не може да издржи ако не е министер

Горан Наумовски

„Вреди“ на 9 мај прераснува во политичка партија со ко-претседатели Меџити и Касами