Сабахудин Рустеми поднесе оставка од функцијата директор на „Комунална хигиена“

Од:

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми вчера даде неотповиклива оставка од својата функција за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

– Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден морален чин од страна на сега веќе осомничениот, веќе поранешен директор Рустеми кој што не сака јавноста да мисли дека ќе ја попречува истрагата на кој било начин – изјави синоќа адвокатот Алиспахиќ.

Тој е длабоко убеден дека ќе докажат дека тоа што им се става на товар на двајцата обвинети нема никаква поврзаност.

– Станува збор за ретко кривично дело, кое не толку често се појавува во нашиот кривично-правен систем. Станува збор за членот 230 од Кривичниот законик кој со измените од 2023 година добива еден поголем опсег – додава Алиспахиќ.

Би можело да ве интересира

Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“

Предраг Петровиќ

Потврден притворот на директорот на „Комунална хигиена“ Скопје, Кривичниот совет ја одби жалбата

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми

Катерина Ѓуровски

Аеродром собра 10 тони отпад за еден ден