Ружин: Владата покажува дека е неспособна да изнајде динамични решенија за спорот со името

Од:

ЛДП изразува жалење и разочарување поради одлуката на Европскиот Совет кој по четврти пат од 2009 година не и додели на Р. Македонија датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Ако ја споредиме оваа одлука со онаа која беше донесена на Букурешкиот Самит на НАТО 2008 година, ова според ЛДП, претставува уште поголем неуспех, со оглед на тоа дека вчера во Брисел не беше добиен ниту условен датум за отпочнување на преговорите.

Синоќешните заклучоци на Советот за општите работи на ЕУ, велат од ЛДП  се порака до Владата на РМ дека досегашното експлоатирање на темите за името и за добрососедските односи за внатрешна употреба се истрошени и дека Владата ќе мора најсериозно да се зафати со подинамичен пристап кон спорот за името со јужниот сосед.

„ЕУ укажува дека, наместо статичниот речник, во заклучоците фигурира динамичен речник – но истиот речник ќе бара во следните четири месеци конкретни и динамични решенија од Владата на РМ во врска со спорот околу името.За жал, четири години по ред Владата покажува дека е неспособна да изнајде динамични решенија. Напротив- некохерентната внатрешна политика, која се потпира врз митови од историјата, удобноста на владеењето, популизмот, загрозената демократија, се покажа како поразителна на надворешен план.Со оваа одлука на Европскиот совет, практично се поништи значењето на одлуката на Меѓународниот суд за правда и ја врати Македонија онаму каде што беше пред четири години и го турцизира чекањето на РМ пред вратите на ЕУ“, рече Нано Ружин.

Во услови кога Хрватска и Црна Гора се на пат кон Европската Унија, кога на Србија и’ се условува добивањето на датумот на многу полесен и поприфатлив начин, кога се отвараат перспективите и за Албанија, Македонија од лидер, падна на претпоследното место во проширувањето на ЕУ, пред БиХ, укажува ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Горан Наумовски

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата