Русковска: Непрофисионално постапување на судија да се пријави во Судски совет

Од:

Било кој што има сознанија или мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба тоа да се пријави во Советот на судии. Колешката Стефанова како обвинител треба да ја знае таа процедура, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го испита тврдењето на Лиле Стефанова за вмешаност на судијката Добрила Кацарска.

Според Русковска недозволиво е изнесување такви сомневања без тоа да биде пријавено во Советот на судии.

– Недозволиво е такви сомневања после година и пол да се изнесуваат во судница, а без притоа да биде известен Судскиот совет, нагласи Русковска.

Во однос на истрагата за „Империја“ и дека се води со забрзано темпо, Русковска рече дека нема информација дека се води со забрзано темпо.

– Знам дека се повикани некои сведоци и Стефанова постапува по предметот заедно со колешката Гордана Смаќовска. Така да двете треба да бидат присутни кога ќе се сослушуваат сведоци, кажа Русковска.

За тоа како ќе продолжи истрагата од таму каде што застанала, Русковска рече дека тоа зависи од колешката Смаќовска.

– Не можам сега точно да кажам, бидејќи колешката Смаќовска полека влегува во предметот и се запознава со доказите досега прибрани, како и со изјавите на сведоците. Што ќе одлучиме после тоа ќе видиме, рече Русковска.

Инаку, обвинителката Лиле Стефанова, во сведочењето за случајот „Рекет”, истакна дека меѓу лица кој вршеле притисок за случајот „Империја”, е и судијката Добрила Кацарска. Според Стефанова, судијката Кацарска, преку друго лице се распрашала за овој предмет.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Русковска: Случајот со убиствата на Вања и Панче не смее да добие политичка конотација

(ВИДЕО) Русковска: Тие што ми вршеа притисок се истите што ми нудеа повисока позиција за да прекинам истрага

Александар Тодески

Русковска: Бев дел од групата за измените на Кривичниот законик, но нашиот предлог е сосема поинаков

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

(ВИДЕО) Тупанчески за „војната“ Русковска-Муареми: Таму се случува нешто што не треба

Кристијан Ландов