А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Русковска: Имаме видео-снимки за случајот, засега обвинителките нема да бидат изведени пред судија

by Кристијан Ландов16/07/2019 - 00:3216/07/2019 - 01:102029
Share0

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, вели дека постоеле индиции дека Бојан Јовановски познат како Боки 13 се обидел да избега, па затоа бил задржан на граничниот премин Богородица. Таа потврди дека е одредена мерка притвор за Јовановски и Милевски во траење од 30 дена.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Сведокот поднесе кривична пријава кај нас и е сослушан. Потоа беше повикан уште еднаш, за да ја дополни кривичната пријава. И други лица се сослушани во својство на сведоци“, рече Русковска, запрашана за својството на сведокот во постапката.

Русковска и дека Обвинителството имаат обезбедено снимки од разговорите меѓу осомничените и сведокот.

„Обележани пари немаме, но имаме обезбедено снимки од разговори, но и видео-снимки. Вршени се претреси кај првоосмничениот дома и кај неговите родители, кај второосомничениот дома и од јавниот обвинител е одземен телефон. Извршен е претрес и во канцеларија која ја користел првоосомничениот“, додаде Русковска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Телефонот од обвинителката Катица Јанева бил одземен за да се види комнукацијата меѓу неа и првоосомничениот Боки 13.
„За сега, обвинителките нема зошто да бидат изведени пред судија. Постапката е отворена за да се види кој се е инволвиран во целиот настан“, рече Русковска.

Русковска се надева во понатамошниот тек на истрагата, истата ќе се прошири.

„Пред судија на претходна постапка, осомничените се поризнесоа за мерката притвор, дали има основа за истата или нема. Одбраната ќе ја дадат во Јавното обвинителство кога ќе бидат повикани“.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал вели дека доколку осомничените имаат имот, за кој нема да можат да докажат како го стекнале, тој ќе биде одземен.

„Донесена е наредба за истрага. Се води и финансиска истрага. За цел имот што го поседува било кој од осомничените, а за кој нема да можат да го докажат потеклото, односно од каде им е, Обвинителството во обвинителен акт ќе бара одземање на тој имот. Но тоа е отом-потом“, рече Русковска.

boki 13ojo

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он25/09/2026 - 18:00

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он14/09/2026 - 19:0214/09/2026 - 19:07

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он04/09/2026 - 14:2504/09/2026 - 15:04

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он17/08/2026 - 18:05

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Горан Наумовски19/07/2026 - 11:33

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он17/06/2026 - 18:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео