Руско МНР: Опозицијата се обиде насилно да ја превземе власта, демонстрантите им се спротивставија

Од:

Руското министерство за надворешни работи преку писмено соопштение изрази загриженост за вчерашните насилства во Собранието, а причината за нив ја лоцираше во „обидот на опозицијата, која што ги изгуби изборите, преку грубо кршење на процедурите да избере претседател на Собранието“.

„Опозицијата се обиде насилно, на своја иницијатива и кршејќи ги сите процедури да ја превземе власта во земјата избирајќи спикер на Собранието, а како резултат на тоа се случија инциденти во кои што инволвираните демонстранти се спровставија на „измамниците“, од кои што дел беа хоспитализирани.“ стои во соопштението.

Руското МНР оценува дека „инцидентот бил претходно планиран“ и дека е уште еден показател за надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија.

„Официјални претставници на Европската Унија, амбасадори на неколку европски земји и на Соединетите Американски Држави, веднаш го поздравија „новиот претседател“ на Собранието, кој, патем, е поранешен командант на проалбанската Ослободителна национална армија. Овој координиран одговор е индикација дека инцидентот бил претходно планиран со премолчана согласност од „надворешните куратори“ на опозицијата во Македонија. Ова уште еднаш ја потврдува тезата дека главна причина за актуелната политичка криза во Република Македонија е големото мешање во внатрешните работи на земјата“, велат од МНР на Русија.

Оттаму додаваат дека „понатамошниот развој на сценаријата за редефинирање на земјата врз основа на т.н. тиранска платформа можат да доведат до понатамошно зголемување на тензиите, што води кон конфликт, вклучително и на етничка основа.

„Ако се потсетиме дека истиот ден францускиот суд, и покрај потерницата на Србија преку Интерпол, го ослободи косовскиот Албанец Рамуш Харадинај, тогаш очигледни стануваат големоалбанските намери на Западот. Во оваа ситуација, адекватното решение се наоѓа само во внатремакедонски дијалог во рамките на Уставот и на законите. Неопходно е да се запре секој надворешен притисок и да се овозможи на одговорните политички сили во Република Македонија самите да го одредат понатамошниот развој на земјата“, велат од руското МНР.

Би можело да ве интересира

Руски МиГ-41 надвор од дофатот, ги надминува границите на самата физика

Ројтерс: Балтичките држави подготвуваат план во случај луѓето да бегаат од руските напади

Трамп: САД може да воведат дополнителни санкции против Русија

Москва останува без гориво

Шоф: Немаме докази, но мислиме дека Русите ги испратиле беспилотните летала

Финска најави царини за сите производи од Русија