Рускиот пејач ќе тужи за песната „Напред“ од Владо Јаневски

Од:

Рускиот пејач Олег Газманов ќе покрене постапка за плагијаторство на неговата песна „Москва“, која овде Владо Јаневски ја пее како една од химните на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ, насловена како „Напред“.

Откако ја добил информацијата, рускиот пејач Олег Газманов констатирал дека песната „Напред“ е сосема иста и копирана од неговата „Москва“. Пејачот барал и добил информации дали песната што ја пее Владо Јаневски се емитува на радио и телевизиските станици во Македонија, дали се користи за партиски митинзи.

Philip Rossa

Олег Газманов целата работа му ја препушти на неговиот менаџер, Филип Роса, кој за А1он потврди дека никој од Македонија не побарал дозвола за преработка на песната и очигледно некој тоа го направил на своја рака.

„Ние востановивме дека такво одобрение не сме дале и подготвени сме да се обратиме на меѓународниот суд“, изјави за А1он менаџерот на рускиот пејач, Филип Роса.

mail-tuzba-vladojanevski.jpg

Олег Газманов е познат во Русија по неговите патриотски песни за руската држава и за руската моќ. Владо Јаневски не успеавме да го добиме за изјава и останува отворена понудата до него доколку сака да го каже својот став. Во видеото се двете песни споени во една, со цел да да се направи подобра споредба.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226