Руски медиуми предвидуваат промени на Балканот откако Македонија ќе го реши спорот со името

Од:

Македонија и Грција се блиску до договор за спорот со името на македонската држава, а конечното решение ќе доведе до сериозни геополитички промени на Балканот, пишува московскиот весник „Комерсант“.

Според тврдењата на весникот, по договорот, Скопје речиси сигурно ќе добие повик за членство во НАТО.

Весникот наведува и дека конечниот договор за името може да биде постигнат веќе следната недела во Њујорк. Според весникот, во прилог на тоа дека новата рунда преговори може да биде клучна, одат и консултациите кои во Атина ги имаше македонскиот вицепремиер Бујар Османи.

„Решавањето на спорот меѓу Скопје и Атина, кој трае повеќе од две и пол децении, не само што ќе го сруши клучниот проблем во нивните односи туку и ќе има сериозни геополитички последици по регионот“, оценува весникот.

„Комерсант“ потсетува дека на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година земјите членки на Алијансата ветија членство за Македонија, штом ќе се реши прашањето за името.

„Ова значи дека Скопје би можело да добие покана веќе во јули на следниот самит на НАТО, а да стане 30. членка на Алијансата за една година“, заклучува весникот.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ