Руската амбасада со повеќе настани низ Македонија го одбележува Денот на победата над фашизмот

Од:

По повод денот на победата над фашизмот, 9 мај, амбасадата на Руската Федерација, со поддршка на руската дијаспора, од утре до среда организира низа настани низ Македонија.

Како што се наведува во соопштение на амбасадата, утре, 5 мај, во 12 часот во Скопје во параклисот „Свети Георгиј Победоносец“, кај СЦ „Јане Сандански“, ќе се одржи молебен за помен на руските војници загинати во сите времиња. Во 13 часот,пак, на платото пред СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи манифестација „Бесмртен полк“.

Ова е традиционален настан што се одржува во сите градови на Русија, како и надвор од земјата во рамки на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и претставува чин на сеќавање и оддавање почит на сите херои-антифашисти. Годинава на овој настан ќе се постави „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат отсликани портрети на учесници на антифашистичката борба. Сите кои сакаат можат да дојдат и да ги постават сликите на своите претци кои учествувале во војната против фашистичките окупатори.

На 7 мај во 19.30 часот во Струмица во НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи гала-концерт „Уметност во име на победата“. Во рамки на настанот различни уметнички дела ќе изведат уметнички колективи на руските сонародници „Чајка“ и „Славјанка“, виолинистка Ана Кондратенко и други учесници. Специјални гости на концертот се изведувачите од Електростаљ, руски збратимен град на Струмица, Аљона Мартинова и Екатерина Карташова.

Руската амбасада најавува дека на 8 мај, во 11 часот, во Прилеп ќе се одржи положување цвеќе на Могила на непобедените во Паркот на револуција. На 9 мај во 10 часот Амбасадата организира и положување цвеќе на споменикот на загинатите партизани кај брана „Матка“ во кањон Матка.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен предупредува: „Русија нè тестира“

Американците потврдија дека имаат оружје во вселената: „Одговор на Русија и Кина“

Циклус песни од Бранко Цветкоски објавен во рускиот неделник „Литературнаја газета“

А1он

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“

Се урна мал авион во Русија – има двајца загинати

А1он