Русите соборија 14 украински беспилотни летала, Украинците соборија 30 руски

Од:

Руските власти соопштија дека во текот на ноќта собориле 14 украински беспилотни летала над регионите Курск, Воронеж и Белгород, додека Украинците соопштија дека собориле 30 руски беспилотни летала над нивна територија.

Русија прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над регионот Курск и по еден над Воронеж и Белгород, но не е познато колку украински авиони биле лансирани.

Воздушна тревога е прогласена ширум Украина во 7:20 часот по локално време, додека украинските воздухопловни сили објавија дека Русите истрелале 38 нападни беспилотни летала и две балистички ракети Искандер-М. Од нив соборени се 30 дронови, но не се знае што се случило со останатите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот